24фудбал

Победата на Вардар над Черноморец зачинета со новата мајсторија на Фелипе (ВИДЕО)

Со одлична игра во второто полувреме Вардар го победи Черноморец Одеса со 2-0, Хуан Фелипе постигна уште еден фантастичен погодок.

Македонија

По мирното прво полувреме, Вардар значително го крена нивото во вториот дел, македонскиот тим создаде неколку убави шанси и постигна два гола.

Резултатот го отвори Фелипе во 60. минута со прекрасен гол од слободен удар, 15 минути подоцна Хамбарџумјан погоди за 2-0.

Вардар денеска го игра последниот контролен меч во Анталија, противник е германската екипа, Елверсберг. Натпреварот почнува во 14 часот.