24фудбал

Анри: Не верував дека ќе го кажам ова, ама Тотенхем може до титулата

Легендата на Арсенал, Тјери Анри вели дека нивниот лут ривал Тотенхем има одлична сезона и верува дека „Спарси“ можат да ја освојат Премиерлигата

Англија

„Топџиите“ 20 години по ред завршуваат пред големиот локален ривал на табелата, но оваа година Тотенхем би можел да стави крај на традиција.

Избраниците на Маурисио Покетино имаат одлична сезона и во моментов се на втората позиција со ист број бодови како и Арсенал.

Тјери Анери има само пофални зборови за Тотенхем, и вели дека „Спарси“ можат до титулата.

„На Тотенхем му оди одлично” – вели Французинот. „Тие се добра екипа”.

„Не верував дека ќе го кажам ова, ама тие можат до титулата и заслужуваат почит”.

„Претходно им недостасуваше стабилност и конзистентност, и конечно Даниел Леви покажа трпение со менаџерот. Маурисо Покетино е правиот човек”.

„Имаат многу млади играчи, кои не играат само споредни улоги, току се фактор во тимот”.

„Имаат одличен голгетр во Хари Кејн, за асистенции е задолжен Крисијан Ериксен, а и Деле Али е одличен”.

„Плус, тие имаат и квалитетен голман, што е многу важно”.

„Покетино е добар тренер и ги натера сите во клубот да веруваат дека можат до титулата. И да, мислам дека можат да бидат шампиони”.