24фудбал

Касано: Само идиот не може да успее во Реал!

Антонио Касано се опишува себеси како идиот поради лошата авантура на Сантијаго Бернабеу, и признава дека сега му е криво што не ја искористил укажаната шанса

Шпанија

Италијанецот во разговор со AS проговори за времето поминато во Мадрид, и вели дека непрофесионалното однесување придонело тој неславно да го заврши престојот во најголемиот клуб во светот на фудбалот.

„Не можев да му кажам не на Реал” – вели Касано. „Многу луѓе би платиле за да играат таму”,

„Тоа беше оној „Галактикос“ со Зидан, Фиго, Раул, Бекам, Гути, Роберто Калос, Касиљас...”

„Се борев со Робињо за место во тимот. Започнав добро и ги тресев противничките мрежи”.

„Но кога сте во Мадрид или ќе бидете со семејството и ќе се фокусирате на фудбалот, или ќе се глупирате и ќе се однесувате како идиот”.

„Јас го правев ова второто”.

„Жалам што најдобро не ја искористив укажаната шанса. Тоа е сосема нормално. Не сфатив дека сум во најголемиот клуб во историјата на фудбалот”.

„Само идиот може да се однесува онака како што јас се однесував”.

Напаѓачот исто така открива дека во Мадрид имал проблем со прекумерната тежина.

„Имав 93 килограми, а мојата идеална тежина е 83 килограми”.

„Имав пријател во хотелот Мирасиера (каде што експедицијата на Реал ја поминувала ноќта пред натпреварите), и во 10 часот ќе нарачав најразновидна храна во собата”.

„Ќе му платев 200 или 500 евра”.