24фудбал

Гвардиола и Мурињо ќе имаат дуел уште пред да почне новата сезона?

Градските ривали од Манчестер најверојатно ќе се сретнат во пријателски меч кој ќе се одигра во Пекинг на 29. или 30. јули како дел од подготовките за почетокот на новата сезона.

Англија

Иако Мурињо сеуште не е официјално назначен за нов менаџер на Манчестер јунајтед, речиси никој не се сомнева дека тоа ќе се случи.

Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо ќе работат во ист град од следната сезона. Гвардиола ќе ја води сината половина на Манчестер, Мурињо црвената.

Нивните меѓусебни дуели ќе бидат супер интересни, а првиот можеби ќе го имаат уште пред да почне сезоната.

На 29. или 30. јули во Пекинг постои голема можност да се сретнат во пријателски меч.

Манчестер Сити е обврзан дел од летните подготовки да помине во Кина, а Манчестер јунајтед е во преговори кои се веќе во завршна фаза.

Кинезите нудат големи пари за да се одигра пријателскиот натпревар меѓу Сити и Јунајтед. Но веројатно за тоа свое мислење треба да дадат и Гвариола и Мурињо.