24фудбал

Ван Гал: Мурињо ми е пријател (ФОТО)

Добро е познато дека Луи ван Гал и Жозе Мурињо се пријатели, но дали ќе останат доколку Португалецот преговарал зад грб на актуелниот менаџер на Јунајтед и седне на столчето наместо него?

Англија

Жозе Мурињо му беше помошник на Ван Гал во Барселона, двајцата се пријатели и добро се познаваат.

Мурињо најверојатно ќе го наследи Ван Гал на клупата на Манчестер јунајтед, но Холанѓанецот не верува дека тој преговарал со клубот.

„Не можам да речам дека сме правеле муабет деновиве, но Мурињо ми е пријател. Не знам дали разговарал со Манчестер јунајтед или не“ - вели Ван Гал во интервју за Индепендент.

„Можам само да кажам дека зборував со Ед Вудворд (извршниот директор на Јунајтед) и не можам да замислам дека зборувале со Мурињо. Доколку зборуваат со друг менаџер треба да ми кажат, таква е нашата врска“,

„Се разбира дека Глејзерс се разочарани. Разочаран е и Ед Вудворд, и јас сум разичаран бидејќи во моментов сме далеку од врвот“.