24фудбал

Ривалството помеѓу Спортинг и Бенфика е огромно, смртни закани за „предавникот“ Кариљо

Фудбалерот на Спортинг, Андре Кариљо доби смртни закани откако беше соопштено дека кариерата ќе ја продолжи во лутиот ривал Бенфика

Останато

24 годишниот Перуанец поминува низ „пекол“ во Лисабон откако одби да го продолжи договорот кој му истекува во јуни.

Како казна за ваквата одлука, Спортинг го отстрани Андре Кариљо од тимот.

Неговата ситуација дополнително се влоши кога беше соопштено дека офанзивниот фудбалер се сели во Бенфика, лутиот ривал на Спортинг.

Фановите не ја примија лесно ваквата вест, па на адреса на Андре Кариљо пристигнаа смртни закани.

Се верува дека зад заканите стојат ултрас навивачите на Спортинг, кој во Перуанецот гледаат предавник.

Исплашен за својата безбедност, Андре Кариљо ангажирал телохранители.