24фудбал

Меморијалниот турнир „Вуко Каров“ потврден за в недела

Домаќинот Тиквеш, Победа и дебитантот Љубанци ќе играат по италијански систем.

Македонија

Седумнаесеттото издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров“ ќе се одржи в недела на 14-ти февруари. Мала свечена церемонија со која ќе биде отворен турнирот ќе почне во 12.00 часот, а веднаш потоа ќе следуваат натпреварите. Натпреварите ќе се играат на Градскиот стадион во Каварадци.

Официјален распоред:

12.15 Тиквеш - Љубанци

13.15 Љубанци - Победа

14.15 Победа - Тиквеш

Секој со секого ќе одигра по 45 минути според италијанскиот систем. Доколку еден натпревар заврши нерешено веднаш ќе се оди на изведување на пенали.

3 бодови ќе се доделуваат на победникот, 0 на поразениот. При нерешен резултат, 2 бода ќе добие екипата која ќе победи на пенали, а 1 поразената.

Лани победник беше Турново пред Победа и Тиквеш. „Вуко Каров“ се одржува во чест на легендарниот кавадаречки фудбалер со истото име. Прв пат се играше во 1993 година, а порано земаа учество познати екипи од регионов како Партизан, Будучност, Вихрен, Аустриа Клагенфурт, како и македонските Вардар, Пелистер, Силекс.