24фудбал

Бонавентура се враќа за дуелот со Џенова

Добри вести за Синиша Михајловиќ, по кратката пауза поради повреда, Џакомо Бонавентура се враќа во стројот и ќе биде подготвен за натпреварот против Џенова.

Италија

Бонавентура е еден од најстандардните фудбалери на Милан оваа сезона, пропушти само два меча до сега, со Аталанта поради суспензија, и минатиот против Удинезе поради повреда.

„Џак ни е клучен играч. Без него губиме на квалитет. Тој е многу значаен за тимот оваа сезона“ - изјави Михајловиќ.

Бонавентура се враќа, но Нианг и Куцка ќе бидат надвор од тимот за дуелот против Џенова.