24фудбал

Мурињо на Олд Трафорд ќе заработува извонредни 20€ милиони годишно!?

Според пишувањето на El Confidencial, Жозе Мурињо ќе заработува извонредни 20 милиони евра по сезона во Манчестер јунајтед

Англија

Денеска неколку весници од „Островото“ излегоа со иста сторија, според која, „Специјалниот“ на своите најблиски пријатели им соопштил дека тој ќе биде наследникот на Ван Гал на кормилото на „Црвените Ѓаволи“.

Шпанскиот весник, El Confidencial сега вели дека има детали од договорот на Жозе Мурињо со Манчестер јунајтед.

El Confidencial пренесува дека договорот помеѓу двете страни се уште не е финализиран, и агентот Жорж Мендез заедно со неговиот тим од адвокати ги „пеглаат“ последните детали и најразличните клаузули со лидерите на клубот од Олд Трафорд.

Но двете страни начелно постигнале согласност за одредени работи, како што е трајноста на договорот и висината на платата.

Жозе Мурињо ќе се обврзе кон Манчестер јунајтед до 2019, и ќе има годишна плата од извонредни 20 милиони евра.