24фудбал

Мурињо им кажал на пријателите дека е следниот менаџер на Манчестер јунајтед (ФОТО)

Англиските медиуми пишуваат дека Жозе Мурињо им соопштил на дел од своите пријатели дека тој ќе биде наследникот на Ван Гал на кормилото на Манчестер јунајтед.

Англија

„Дејли Мејл“, „Дејли Мирор“ и „Дејли Стар“ објавуваат дека Мурињо им пренел на своите пријатели дека ќе седне на менаџерското столче на Манчестер јунајтед.

Откако му беше врачен отказ од Челси, Мурињо постојано се поврзува со клупата на Манчестер јунајтед, и се чини дека тоа е единствената логична опција за Португалецот.

Луи ван Гал пред медиумите беше уверен дека нема никакви преговори помеѓу Мурињо и Манчестер јунајтед, но новиот број на англиските весници носи сторија дека работата е веќе договорена.

Единствената дилема се чини дека е дали раководството на Манчестер јунајтед ќе го остави Ван Гал да ја доврши сезоната, или ќе му ја даде работата на Мурињо побрзо од предвидувањата.