24фудбал

„Сан“ пишува дека Јунајтед преговара со претставници на Покетино, а тој нема агент!

Една од главните стории во денешните медиуми беше онаа на Сан во која весникот пишува дека Манчестер јунајтед преговара со претставници на Маурисио Покетино за евентуален негов ангажман.

Англија

Но, англискиот весник брзо беше фатен во лага. Маурисио Покетино нема ниту агент, ниту било какви претставници.

Тој тоа го нагласи пред два месеци кога во едно интервју потенцираше дека нема агент и дека директно тој преговарал со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.

„Преговарав директно со Леви. Немам агент. Тој понуди договор и ми рече да кажам да или не, или можеби сакам повеќе. Има репутација на тежок бизнисмен? Точно е, можам да го почувствувам тоа“ - откри Покетино во декември минатата година.

Според ова се чини дека сториите кои го поврзуваат Покетино со Манчестер јунајтед се измислици, најсериозен кандидат за наследник на Луи ван Гал и понатаму останува Жозе Мурињо.