24фудбал

Јуве ја потврди повредата на Киелини

Масимо Алегри нема да може да смета на Џорџо Киелини на клучните дуели со Наполи и Баерн Минхен, дефанзивецот ќе паузира 20 дена

Италија

Јувентус ќе мора без својот столб во одбраната да го одигра дербито за Скудетото против Наполи, како и првиот дуел со Баерн Минхен во осмина-финалето од Лигата на Шампионите.

Репрезентативецот на Италија во неделата, на дуелот со Фросиноне го повреди листот на десната нога.

Откако врз Џорџо Киелини денеска беа извршени серија тестови, Јувентус попладнево соопшти дека дефанзивецот ќе паузира околу 20 дена.