24фудбал

Реал не може да ги заобиколи правилата, Зидан остана без својот помошник

Фудбалската Федерација на Шпанија му забрани на Давид Бетони да седи на клупата покрај Зинедин Зидан, Французинот остана без својот помошник

Шпанија

Откако „Зизу’ го превзеде кормилото на „Кралевите“, неговиот добар пријател, Давид Бетони беше именуван за помошник.

Но проблем настана кога на виделина излезе дека Давид Бетони ја нема потребната лиценца (ФИФА Про) за да ја извршува улогата на помошник-тренер.

Реал Мадрид се обиде да ги заобиколи правилата, па Давид Бетони доби официјална функција како лице задолжено за опремата, и со тоа го задржа местото до Зинедин Зидан на клупата.

Сепак, Фудбалската Федерација на Шпанија реши да спроведе истрага, да провери какви обврските извршува Давид Бетони и дали тие соодвествуваат со официјалната верзија на Реал Мадрид.

Според пишувањата на медиумите од Шпанија, ФФШ одлучила дека Давид Бетони ги пречекорил овластувањата, па тој нема право да седи на клупата.

„Кралевите’ не се задоволни од ваквата одлука и веќе поднеле жалба.