24фудбал

Новинарите пак ќе го налутат Ван Гал, сега го поврзуваат Покетино со Јунајтед

Медиумите од ’Островото’ продолжуваат да пишуваат дека Луј ван Гал ќе замине од Олд Трафорд, Маурисио Покетино е новото име што се поврзува со ’Црвените Ѓаволи’

Англија

Холанѓанецот, кој е под договор со Манчестер јунајтед до 2017, неколку пати оваа сезона изрази незадоволство и им замери на медиумите поради големиот број на шпекулации за неговата иднина.

Минатата недела Луј ван Гал одново влезе во расправија со новинарите откако беше објавено дека Жозе Мурињо преговара со Манчестер јунајтед и Португалецот е на чекор до менаџерското столче на Олд Трафорд.

Денеска низ медиумите од ’Островото’ одново кружат гласини за иднината на Ван Гал, според The Sun, Маурисио Покетино е нов кандидат за жешкото столче на ’Црвените Ѓаволи’.

Весникот вели дека лидерите на Манчестер јунајтед веќе стапил во контакт со преставници на Аргентинецот и се распрашувале за можноста младиот стратег да пристигне на Олд Трафорд.

Се говори дека лидерите на Манчестер јунајтед се импресионирани од работата на Маурисио Покетино во Тотенхем, и тоа како тој изгради тим, во кој има неколку млади талентирани Англичани, достоен за борба за титулата во Премиерлигата.