24фудбал

Скопјанец ја „затвори“ обложувалницата Моцарт, им зема 160.000 евра! (ФОТО)

Обложувач од Скопје со влог од 100 евра распореден на пет тикети успеа да добие рекордни 160.000 евра.

Македонија

Обложувалницата Моцарт денеска ги потврди тикетите на Скопјанецот кој на 30. јануари убаво ги олесни.


Се работи за најголемата добивка на спортско обложување во Македонија, заработи 160.000 евра за уплата од 100 евра.


Добивката е остварена на вкупно пет тикети, комбинирани со исти пет типувања на исти пет парови. Виган - Порт Вејл дп 11 (дупла победа - домаќинот ќе победи и во прво и во второ полувреме) - 3:0 (2:0), Дармштад - Шалке дп 22 - 0:2 (0:1), Авр - Ленс дп 11 - 2:0 (1:0), Астон Вила - Ман. Сити дп 22 - 0:4 (0:2) и Рома - Сасуоло дп 22 - 0:2 (0:1).