24фудбал

ПСЖ го сака Лавеци за дуелот со Челси

’Светците’ посакуваат да го одложат трансферот на Езекиел Лавеци во Кина за играчот да биде во комбинација за првиот натпревар со Челси во Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Аргентинецот има богата понуда од Кина и се верува дека тој веќе начелно постигнал согласност за две годишен договор од Шангај Шенуа и плата од 10 милиони евра по сезона.

Сега останува само ПСЖ и Шангај Шенуа да постигнат договор за висината на обесштетувањето и играчот да ја започне авантурата на Далечниот Исток.

Последните информации велат дека ’Светците’ посакуваат да го одложат трансферот, и Езекиел Лавеци да биде на располагање за првиот натпревар со Челси во Лигата на Шампионите, средба која се игра на 16. февруари.

Трансфер пазарот во Кина е отворен до 26. февруари.