24фудбал

Бабунски дебитираше за Црвена звезда и рефлекторите „пукнаа“ (ВИДЕО)

Давид Бабунски дебитираше во дресот на Црвена звезда во пријателскиот натпревар против Волгар кој беше прекинат во 40. минута откако се расипа осветлувањето на теренот.

Македонија

Бабунски беше во стартниот тим на Црвена звезда на денешниот пријателски меч против рускиот тим Волгар, но натпреварот траеше само до 40. минута, рефлекторите откажаа и не можеа да бидат поправени за продолжение на играта.

До прекинот немаше погодоци, а според извештајот на официјалниот сајт на Црвена звезда, Бабунски демонстирал извонредна техника.