24фудбал

Ди Мариа: Имаме сè за да стигнеме до финале!

Аргентинецот верува дека оваа сезона ПСЖ ќе биде дел од големото финале.

Лига на Шампиони

Анхел Ди Мариа е оптимист дека по втор пат во својата кариера може да игра финале на Лигата на Шампиони. Но, овој пат со ПСЖ.

„Со Реал Мадрид неколку пати бев на два чекора дд финалето (2011, 2012 и 2013) и секогаш не елиминираа и тоа за влакно. Кога стигнавме во финалето 2014 малку фалеше повторно да загубиме на претпоследниот чекор.“

„На моите соиграчи им велам дека не е потребно само да го имаш најдобриот тим на светот, туку ти треба и малку среќа.“

„Моментално ПСЖ е меѓу четирите најдобри клубови на светот. Ние имаме сè за да стигнеме до финалето од Лигата на Шампиони. Против Реал во групите заслужувавме и тоа како да победиме, но ни фалеше еден гол.“

Но, ПСЖ за да продолжи да го сонува финалето ќе мора прво да го елиминира Челси во осмина-финалето: „Ќе се обидеме да одиграме исто како против Реал и ќе се надеваме дека ќе имаме повеќе среќа.“