24фудбал

Внимавајте како критикувате, може и вам да ви се случи, Гери Невил сега добро го знае тоа

Гери Невил со Валенсија синоќа доживеа вистински дебакл од Барселона на Камп Ноу губејќи со 7-0, стратегот имаше интересна изјава дадена пред нешто помалку од една година.

Шпанија

По синоќешниот „шамар“ од Барселона, англиските медиуми му фаќаат сеир на Гери Невил кој важеше за еден од најдобрите аналитичари на Скај Спортс.

На 15. април минатата година имаше една интересна изјава за Барселона, која синоќа имаше прилика и самиот да ја вкуси.

„Гледате екипи кои одат на Камп Ноу и доживуваат порази од 5, 6, 7-0. Барса е добар тим, добро тие се одличен тим. Но доколку јас водам тим кој ќе загуби 7-0 таму, не би можел да ја погледнам мојата фамилија во очи никогаш повеќе" - изјави Невил во април минатата година.

Невил беше во очајно расположение по поразот, рече дека нема да може да спие, не знаеме и како ќе ја погледне својата фамилија во очи.