24фудбал

Клоп: За малку ќе почнев да му аплаудирам на Варди (ВИДЕО)

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше само пофалби за Лестер и Џејми Варди по синоќешниот пораз на неговиот тим од 2-0.

Англија

Лестер продолжува да победува во Премиерлигата, синоќа настрада и Ливерпул кој загуби со 2-0. И повторно во центарот на вниманието беше Џејми Варди кој го постигна и два гола, а еден од нив може да биде и погодок на сезоната.

„Убаво е да бидете на стадионот каде што Варди го постигнува голот на месецот, но не кога сте менаџер на противничкиот тим" - изјави Клоп по натпреварот.

„Ова е перфектна сезона за Лестер и перфектна сезона за Џејми Варди. Го заслужуваат секој бод кој го освоија и Џејми го заслужува секој гол кој го постигна до сега. Да бидам искрен за малку ќе почнев да му аплаудирам, но не се чувствував добро во тој момент".

„Лестер и Варди се во многу добар момент, јасно е дека ви е потребна и среќа, но пред се и храброст".