24фудбал

Раниери и Лестер останаа со празни раце, сите го одбија лидерот во Премиерлигата

Менаџерот на ’Лисиците’, Клаудио Раниери побара да пристигне нов напаѓач во зимскиот преоден рок, но Лестер доби неколку ’корпи’

Англија

Моменталниот лидер во Премиерлигата напорно работеше изминативе денови да ангажира нов голгетер, но клубот од Кинг Пауер Стадионот немаше среќа и на крајот остана со празни раце.

Лестер најпрво имаше неуспешен обид да го ангажира М’Баје Нианг од Милан, ’Росонерите’ одбија понуда вредна 16 милиони евра.

’Лисиците’ потоа ја загубија битката со Интер за потписот на Едер од Сампдорија.

Лестер исто така доби негативен одговор и од ЦСКА Москва за Ахмед Муса, и покрај тоа што понуди 25 милиони евра за репрезентативецот на Нигерија.

Се очекуваше ’Лисиците’ во последниот ден од зимскиот преоден рок конечно да ангажираат нов напаѓач, се најавуваше дека Лоик Реми ќе пристигне на Кинг Пауер Стадионот но на крајот ниту оваа зделка не се реализираше.