24фудбал

Тајсон Фјури е голем фан на Манчестер јунајтед, Кантона и Кин се негова инспирација

Боксерот кој по 11 години му го нанесе првиот пораз на Кличко, Тајсон Фјури е огромен фан на Манчестер јунајтед, а негови идоли се Ерик Кантона и Рој Кин.

Англија
Иако името го добива по боксерската легенда, Мајк Тајсон, Фјури вели дека негова инспирација се Ерик Кантона и Рој Кин.
 
„Ерик Кантона и Рој Кин отсекогаш биле поинакви од другите, имале нешто во себа кое ги правело различни и сакав да бидам како нив" - вели Фјури.
 
„Како фудбалери тие беа такви каков што сум јас денес. Беа гласни, па и се караа по потреба, но на теренот секогаш даваа се од себе и само победата им беше важна. Ерик и Рој, поради нив толку го сакав фудбалот. Одлучив да бидам како нив, да бидам поразличен од другите".
 
„Сер Алекс Фергусон е еден од најголемите тренери на сите времиња и многу научив од него. Кога се пензионираше бев многу тажен, но тоа е животот, за жал никој не е вечен. Неговата харизма беше чудесна. Секогаш беше директен, никогаш не калкулираше, а освои се што можеше да се освои. Сер Алекс е мој голем херој бидејќи ми подари некои од најубавите моменти во животот, моменти кои ќе ги паметам до самата смрт. Тројната круна освоена кога имав 11 години за мене е нешто непроценливо. Такви работи како дете многу долго ги паметиш и не ги забораваш".
 
„Ноќта кога во Барселона 1999 година, во оној луд натпревар го победивме Баерн, за мене е еден од најважните моменти во животот. По натпреварот татко ми, мене и еден мој другар не изнесе надвор, се возевме со автомобилот низ улиците а преку прозорот мавтавме со шалови и знамиња на Јунајтед. Сите мои другари од училиштето беа на улица, целиот мој кварт славеше до следниот ден. Тоа беше фантастична ноќ. Начинот на кој Јунајтед го доби тој натпревар откако се врати од мртвите, доволно зборува за каков клуб се работи. Победничкиот карактер беше и мој огромен мотив за мојата кариера".