24фудбал

Милевски го објави списокот за натпреварот против Франција

Селекторот на младата македонска фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот дуел со Франција.

Македонија
Во репрезентација се враќа и Дориан Бабунски кој не беше дел од претходните мечеви. Но откако пронајде нов клуб и беше стрелец за Фуенлабрада повторно е во селекцијата.
 
Репрезентацијата до 21 година бележи одлични резултати во квалификациите и натпреварот против Франција предизвикува голем интерес.
 
Милевски со најсилниот состав ќе се обиде да го изненади големиот противник. Натпреварот се игра на 15. ноември со почеток од 13 часот.
 
Списокот на фудбалери за дуелот со Франција:
 
Голмани:
 
Игор Алексовски (Македонија ЃП)
Дамјан Шишковски (Работнички)
Давор Талески (Металург)
 
Одбрана
 
Дарко Велковски (Вардар)
Ѓоко Зајков (Шарлоа - Белгија)
Висар Муслиу (Ренова)
Бесир Демири (Шкендија)
Мевљан Мурати (Шкупи)
Филип Ристовски (Металург)
Алекса Амановиќ (ИМТ Нови Београд - Србија)
 
Среден ред
 
Бобан Николов (Вардар)
Енис Барди (Ујпешт - Унгарија)
Давид Бабунски (Барселона - Шпанија)
Даниел Аврамовски (ОФК Београд - Србија)
Тихомир Костадинов (Бањска Бистрица - Словачка)
Бурхан Мустафов (Пелистер)
 
Напад
 
Марјан Радески (Шкендија)
Кире Маркоски (Работнички)
Петар Петковски (Вардар)
Виктор Ангелов (Металург)
Дориан Бабунски (Фуенлабрада - Шпанија)
Демир Имери (Хоризонт Турново)