24фудбал

Уапсен Бензема, го уценувал Валбуена со порно снимка!

Карим Бензема утринава бил приведен од француската полиција поради вмешаност во случајот со Валбуена кој бил уценуван со домашно порно видео.

Франција
Бензема се сомничи дека бил еден од фудбалерите кои му барале пари на соиграчот од француската репрезентација Валбуена, во спротивно му се заканувале дека ќе објават негова порно снимка која ја поседувале.
 
Бензема е вториот играч кој е уапсен за овој случај, претходно Џибрил Сисе беше притворен и пуштен откако даде изјава за случајот.
 
Француските медиуми пишуваат дека соиграчите од Валбуена барале 150.000 евра, сума која некои од нив ја заработуваат и на неделно ниво.
 
Доколку се докаже дека се виновни, фудбалерите би можеле да бидат осудени и до пет години затвор.