24фудбал

Фановите на Манчестер Сити најдоа нов, креативен начин да ја исвиркаат химната на ЛШ (ФОТО)

Фановите на Манчестер Сити и УЕФА се во војна поради свиркањето на химната на Лигата на шампионите, навивачите синоќа беа креативни и најдоа нов начин како да го покажат револтот.

Лига на Шампиони
УЕФА започна истрага против фановите на Манчестер Сити поради свиркањето на химната на дуелот со Севиља кој се играше на Етихад.
 
Пелегрини и Компани застанаа на страната на навивачите велејќи дека тие имаат право да покажат незадоволство кон УЕФА со свирежи.
 
Фановите на Сити синоќа во Севиља имаа ново шоу, но овој пат беше многу поинакво отколку тоа во Манчестер.