24фудбал

Реал Мадрид славеше над ПСЖ, Манчестер Сити подобар од Севиља (ВИДЕО)

Реал Мадрид со минимални 1-0 го победи ПСЖ, Манчестер Сити со 3-1 славеше на гостувањето кај Севиља, Руни му донесе победа на Јунајтед над ЦСКА Москва.

Лига на Шампиони
Ниту втората пресметка помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ не понуди многу голови, беше постигнат само еден во мрежата на гостинскиот тим.
 
Реал Мадрид победи со погодок на Начо во 35. минута, фудбалот кој влезе во игра само две минути претходно на местото на Марсело.
 
Манчестер Сити покажа моќ во Шпанија победувајќи ја Севиља со 3-1, триумф со кој изби на чело на табелата.
 
Со рани погодоци на Стерлинг и Фернандињо, Сити поведе со 2-0, Тремолинас ја врати Севиља во игра, но во 36. минута Бони ги откажа поставувајќи ги конечните 1-3.
 
Вејн Руни е херојот на Манчестер јунајтед, со негов гол на десет минути пред крајот црвените ѓаволи со 1-0 славеа над ЦСКА Москва.
 
Јувентус одигра 1-1 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах. Домаќините поведоа со гол на Џонсон, но Лихштајнер успеа да изедначи. На почетокот од второто полувреме Хернанес заработи црвен картон, Јуве остана со играч помалку.
 
Најубедлива победа забележа Шахтјор кој со 4-0 го совлада Малме, Бенфика со 2-1 славеше над Галатасарај, ПСВ со 2-0 беше подобар од Волфсбург.