24фудбал

Натпреварот со Ливерпул клучен за иднината на Жозе Мурињо?

Англиските медиуми пишуваат дека Жозе Мурињо добил ултиматум од управата на Челси дека ќе биде отпуштен доколку не го добие следниот натпревар во Премиерлигата.

Англија
Очајната сезона на Челси продолжи и на Аптон Парк каде што сините загубија со 2-1 од Вест Хем, а Мурињо беше и исклучен на полувремето поради расправија со судиите.
 
Челси ги загуби шансите за одбрана на титулата во Премиерлигата, а доколку не се променат резултатите доведен е во прашање и пласманот на место кое води во Лигата на шампионите.
 
Англиските медиуми пренесуваат дека по поразот од Вест Хем, Жозе Мурињо имал состанок со раководството на Челси на кој добил ултиматум или победа во следното коло против Ливерпул или отказ.
 
Мурињо ги живее најтешките денови од својата кариера, атмосферата во тимот е лоша и работите никако да тргнат во полза на Челси.
 
Пред дуелот против Ливерпул, Челси утре му гостува на Стоук во натпревар од Лига купот.