24фудбал

Официјално: Јирген Клоп е нов тренер на Ливерпул

Ливерпул и официјално го потврди ангажманот на Јирген Клоп кој потпиша три годишен договор со црвените од Енфилд.

Англија
Како што беше најавено од медиумите во текот на денот, сега е потврдено и официјално од Ливерпул. Јирген Клоп е новиот менаџер на црвените.
 
„Ливерпул со задоволство може да соопшти дека Јирген Клоп е новиот менаџер на тимот" - стои во соопштението на клубот.
 
За утре со почеток од 11 часот е закажана посебна прес конференција на која Јирген Клоп ќе биде презентиран пред медиумите.