24фудбал

На Меси му се заканува затворска казна!

Шпанскиот суд го одби предлогот на обинителот Меси да биде ослободен од обвинувањата за затајување на данок, па случајот на фудбалерот и неговиот татко ќе биде процесиран во судот.

Шпанија
Обвинителот побара Меси да биде ослободен од обвинувањата за затајување на данок и да се суди само неговиот татко. Но, таквиот предлог не го прифати судот.
 
Меси и неговиот татко се обвинети за затајување на повеќе од 4 милиони евра данок. Шпанските власти бараат по 22 месеци затвор и за двајцата.
 
Адвокатите на Меси бараат тој да биде ослободен бидејќи, неговиот татко имал контрола на финансиите, а не фудбалерот.