24фудбал

Тевез би можел да се врати во Јуве?

Карлос Тевез би можел одново да го облече дресот на Јувентус, Бока Јуниорс не може да си ја дозволи платата на напаѓачот

Италија

Изминатово лето, репрезентативецот на ’Гаучостите’ ја напушти ’Старата Дама’ и се врати во родната Аргентина во редовоите на Бока Јуниорс.

Сепак, авантурата на Карлос Тевез на Ла Бомбонера би можела да заврши побрзо од очекувањата.

Медиумите од Аргентина пишуваат дека Бока Јуниорс се соочува со финансиски потешкотии и не може да си ги дозволи примањата на Карлос Тевез.

Извештаите велат дека Аргентинецот повеќе од два месеци не добил плата, па Карлос Тевез би можел да ја промени средината за кратко време.

Една од опциите е неговиот поранешен клуб Коринтијанс, а како алтернатива се споменува и Јувентус.