24фудбал

Барса ќе го однесе случајот ’Арда’ пред Судот за Спортска Арбитража

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека ’Каталонците’ ќе побараат од Судот за Спортска Арбитража да им дозволи да го регистрираат Арда Туран на местото од повредениот Рафиња

Шпанија

И покрај тоа што ја имаат поддршката на Фудбалската Федерација на Шпанија, Барселона доби негативен одговор од ФИФА за регистрација на Арда Туран.

’Каталонците’ наскоро ќе достават жалба до Комисијата за Жалби при светската куќа на фудбалот, но лидерите на клубот од Камп Ноу стравуваат дека првите луѓе на ФИФА одново ќе останат глуви на нивните барања.

Па затоа правниот тим на Барса веќе работи на жалба која ќе биде доставена и до Судот за Спортска Арбитража.