24фудбал

Фергусон: Гигс ќе беше менаџер на Јунајтед доколку се пензионираше порано

Сер Алекс Фергусон верува дека Рајан Гигс ќе бил неговиот наследник на кормилото на ’Црвените Ѓаволи’ доколку Велшанецот ги обесел копачките на ѕид кога имал 35 години

Англија

Во документарецот на BBC, ’Сер Алекс Фергусон: Тајните на Успехот’, Шкотот открива дека сакал да го има Рајан Гигс за свој помошник, но вели дека не можел да побара од ниту еден играч да стави крај на кариерата.

„Доколку Рајан Гигс се пензионираше пред шест или седум години, да речеме кога имаше 35, сигурно дека ќе го именував за мој асистент и со голема веројатност тој потоа ќе ме наследеше” – вели Ферги.

„Но не можев да побарам од некој играч да стави крај на кариерата”.

Сер Алекс Фергусон се повлече од кормилото на Манчестер Јунајтед во 2013, а Рајан Гигс продолжи да го носи дресот на ’Црвените Ѓаволи’ и во следната сезона, која беше негова последна.

Велшанецот сега е асистент на новиот менаџер, Луј ван Гал.