24фудбал

Јирген Клоп ќе потпише три годишен договор со Ливерпул

Според информациите од Англија, Јирген Клоп до крајот на неделата ќе стане нов менаџер на Ливерпул, тој ќе потпише три годишен договор со славниот англиски клуб.

Англија
Јирген Клоп ќе го прекине одморот и ќе се врати на работа. Германецот не сака да ја пропушти шансата да застане на чело на клуб каков што е Ливерпул.
 
Англиските медиуми пишуваат дека Клоп ќе биде назначен на новата функција до крајот на оваа недела и ќе стави потпис на три годишен договор.
 
По успехот кој го направи со Борусија Дортмунд, Ливерпул ќе биде вистински предизвик за Јирген Клоп.