24фудбал

Раководството на Челзи верува во Жозе Мурињо

Клубот преку официјално соопштение му даде комплетна подршка на Жозе Мурињо и на фудбалерите кои оваа сезона играат во очајна форма.

Англија
Челзи не е ни бледа сенка од минатата сезона, по осум одиграни кола тимот на Жозе Мурињо има освоено само осум бода.
 
Притисокот е голем, а се погласни беа шпекулациите дека е можно Португалецот да добие отказ. Сепак Мурињо ја има комплетната поддршка од раководството.
 
„Клубот сака да стави јасно дознаење дека Жозе и понатаму ја има нашата комплетна поддршка" - се вели во соопштението.
 
„Како што и Жозе самиот рече, резултатите не се доволно добри и играта на тимот мора да напредува. Како и да е, ние веруваме дека го имаме вистинскиот менаџер да ја сврти сезоната и ги имаме вистинските фудбалери кои ќе го направат тоа".