24фудбал

Несторовски и Стјепановиќ повикани во репрезентацијата

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Љубинко Друловиќ дополнително ги повика Илија Несторовски и Остоја Стјепановиќ за дуелите против Украина и Белорусија.

Македонија
Илија Несторовски од Интер Запрешиќ и Остоја Стјепановиќ од ОФК Београд се двете нови имиња на списокот на Друловиќ за натпреварите против Украина и Белорусија.
 
„Никола Глигоров има повреда, сеуште не е дефинитивно јасно дали тоа ќе го спречи да ни помогне во подготовките и на натпреварите, но многу веројатно е дека нема да може максимално да се стави на располагање на тимот. Затоа решивме да го повикаме Остоја Стјепановиќ како една квалитетна алтернатива на таа позиција" - вели Друловиќ.
 
„Од друга страна, Илија Несторовски заслужува шанса да се бори за место во репрезентативниот тим по добрите игри во Хрватска и голгетерската форма.Подготовките започнуваат денеска, се надевам дека од почеток максимално сериозно ќе ја сфатиме задачата и важноста на дуелите и ќе останеме здрави и без проблеми за натпреварите против Украина и Белорусија".
 
Македонската репрезентација денеска од 18 часот го има првиот тренинг на комплексот „Петар Милошевски“.