24фудбал

Бекам повторно ќе игра под водство на Фергусон

Дејвид Бекам повторно ќе игра под палката на Сер Алекс Фергусон, во ноември на хуманитарен натпревар кој ќе се случи на Олд Трафорд.

Англија
Дејвид Бекам ќе биде капитен на тимот на Велика Британија и Р. Ирска кој ќе игра против Остатокот на Светот предводен од Зинедин Зидан.
 
Натпреварот е од хуманитарен карактер, во организација на УНИЦЕФ и се вика Натпревар за децата.
 
Интересно е што тимот на Бекам ќе го води Сер Алекс Фергусон, дуото повторно ќе се обедини. Додека тренер на Остатокот од светот ќе биде Карло АНчелоти. Судија на натпреварот ќе биде Пјерлуиџи Колина.