24фудбал

Три натпревари суспензија за Диего Коста

Напаѓачот на Челзи, Диего Коста ќе ги пропушти следните ти натпревари откако ФА го суспендираше поради насилно однесување на теренот.

Англија
Диего Коста беше во центарот на вниманието на дерби дуелот против Арсенал. Фудбалерот на Челзи изнуди исклучување од Габриел, а имаше и дуел со Косиелни кој остана незабележан од судиите.
 
ФА покрена обвинение против Коста за дуелот со Косиелни и одлучи да го казни со три натпревари суспензија.
 
Мурињо нема да може да смета на Коста за дуелот од Лига купот против Валсал, и на натпреварите против Њукасл и Саутемптон од Премиерлигата.
 
Од таборот на Челзи соопштија дека се екстремно разочарани од одлуката, но ќе почекаат да добијат целосно образложение од ФА, по што ќе реагираат.