24фудбал

Роналдо, Агуеро и другите ѕвезди што Ферги не ги ангажирал

Сер Алекс Фергусон вели дека поради неможноста да добие работна дозвола, Бразилецот Роналдо не потпишал за Манчестер јунајтед, а Кун Агуеро завршил во Сити бидејќи ’Црвените Ѓаволи’ одбиле да го одврзат ќесето

Англија

Во својата нова книга, Leading, Шкотот говори за неуспешните обиди да стигне до некои звучни имиња, а на таа листа, помеѓу другите се наоѓаат Роналдо, Кун Агуеро, Петр Чех, Дидие Дрогба, Томас Милер, Лукас Мура и Рафаел Варан.

Петр Чех

„Во 2003 бев да го гледам Петр Чех на голот на Рен на дуел со Оксер. Мислевме дека тој а малку премлад за робусноста во Премиерлигата. Сепак, тој потпиша за Челзи каде помина една декада и успеа да ја сочува мрежата на дури 220 натпревари”.

Дидие Дрогба

„Дидие Дрогба е уште едно име. Играше за Олимпик Марсеј и бевме да го провериме. Но клубот бараше 25 милиони фунти, и додека ние одлучувавме, Челзи брзо реагираше и стигна до играчот”.

Томас Милер

„Томас Милер, кој постигна по пет погодоци за Германија на светските првенства во 2010 и 2014, беше 10 годишно момче кое играше за аматерски тим на неколку километри од Минхен кога прв пат слушнавме за него. Го гледавме, но веќе следниот ден тој потпиша за Баерн Минхен”.

Роналдо

„Сакавме да го ангажираме Бразилецот од Крузеиро во 1994, но не можевме да му обезбедиме работна дозвола па тој се пресели во ПСВ”.

Серхио Агуеро

„Имавме шанса да го ангажираме Серхио Агуеро пред тој да потпише за Манчестер Сити, но на крајот неговиот агент побара сума која ние не бевме подготвени да ја платиме”.

Лукас Мура

„Кон финишот на мојот престој во Манчестер јунајтед притискавме за ангажман на Лукас Мура, екстремно талентирано десно крило, кое во тоа време, играше во родниот Бразил за Сао Пауло. Понудивме 24 милиони фунти, потоа зголемивме на 30 милиони, па на 35 милиони фунти. Но ПСЖ го купи за 45 милиони фунти. Едноставно ние не бевме подготвени да одвоиме толкава сума”.

Рафаел Варан

„Во 2011, се качив на воз од Јустон за Лил со цел да го ангажирам младиот Французин, Рафаел Варан. Дејвид Гил ги пеглаше последните детали од договорот со Ленс, клубот на Варан. Но потоа на сцена стапи Зинедин Зидан и успеа да го ангажира за Реал Мадрид пред нашиот нос. Мислам дека Жозе Мурињо, кој тогаш беше менаџер на Реал Мадрид, никогаш го немаше видено Варан како игра”.