24фудбал

Рамос го пропушта дуелот со Атлетик Билбао

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос не се опорави на време за жешкото гостување на Сан Мамеш против Атлетик Билбао

Шпанија

Шпанецот го измести рамото на дуелот со Шахтјор во Лигата на Шампионите минатата недела, но играчот имаше огромна желба да се врати во составот на ’Кралевите’ за дуелот со Атлетик Билбао.


Сепак, Серхио Рамос не успеа да се опорави на време, дефанзивецот утрово одново не тренираше а Рафа Бенитез на прес конференцијата истакна дека нема да ризикува со капитенот.

„Утрово разговарав со Серхио Рамос и тој не е сигурен. Па нема да настапи на Сан Мамеш” – вели тренерот на Реал.