24фудбал

Барса побарала да го регистрира Арда Туран наместо Рафиња

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона испратила барање до Фудбалската Федерација на Шпанија и ФИФА да го замени повредениот Рафиња со Арда Туран

Шпанија

’Каталонците’ се обидуваат да го искористат прафилото на ФФШ кое им овозможува да регистрираат нов играч во случај некој фудбалер да заработи тешка повреда.

Рафиња на дуелот со Рома ги оштети лигаментите на десното колено, најверојатно ќе паузира до крајот на сезоната, па Барса сака да го замени репрезентативецот на ’Кариоките’ со Арда Туран.

Клубот од Камп Ноу сметаат дека во целост ја одработил забраната за трансфери што им ја изрече ФИФА, со оглед на тоа дека не регистрираше нови играчи во последните два преодни рока.

Лидерите на Барса веруваат дека казната завршила на 31. август, и затоа доставиле барање до Фудбалската Федерација на Шпанија и ФИФА да го регистрираат Арда Туран наместо Рафиња.