24фудбал

Венгер не го купил Марсијал бидејќи го имал Кембел

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека уште од дете го следел Ентони Марсијал, но не го купил затоа што на тие позиции ги има Чембрлејн, Санчез и Кембел.

Англија
Навивачите на Арсенал не беа задоволни од активностите на Венгер во летниот преоден рок. Топчиите го донесоа само Петр Чех и беа единствениот клуб во петте најсилни лиги кој не купи ниту еден играч а тој да не е голман.
 
Венгер како деца ги следел најголемите ѕвезди но поради разни причини не одлучил да ги купи, на неговата листа биле Јаја Туре, Кристијано Роналдо, Лео Меси, Златан Ибрахимовиќ... а по неговата последна изјава може да се додаде и Ентони Марсијал.
 
Венгер велеше дека на пазарот нема подобри играчи од оние кои ги има, па затоа не купил ниту еден фудбалер. За разлика од него, Манчестер јунајтед се засили на неколку позиции, а еден од играчите е токму младиот Марсијал кој станува вистинска ѕвезда.
 
„Го знаевме него од дете. Но тој повеќе е крилен тип на офанзивен фудбалер, не класичен напаѓач" - вели Венгер.
 
„Се согласувам дека е исклучителен талент но на таа позиција ние ги имаме Алекс Окслејд Чембрлејн, Алексис Санчез и Џоел Кембел".
 
Марсијал постигна три гола на два натпревари, а напаѓачот на Венгер, Оливие Жиру има два гола на пет натпревари оваа сезона.