24фудбал

Зума: Диего Коста сака да мами, но ние сме горди што го имаме

Дефанзивецот на Челзи, Курт Зума се сложува со мислењето на јавноста дека Диего Коста е измамник на теренот, но вели дека тие се горди што го имаат во тимот.

Англија
Челзи со 2-0 го победи Арсенал, а главен лик на теренот беше Диего Коста кој успеа да изнуди црвен картон за Габриел и го навлече гневот на фановите на Арсенал и неутралната фудбалска публика.
 
Дефанзивецот на Челзи, Курт Зума се сложува дека Диего Коста е измамник, но вели дека тој е навистина добро момче и сите во Челзи се среќни што го имаат.
 
„Не сме изненадени од постапката на Диего, бидејќи сите добро го познаваме. Знаеме дека тој сака многу да мами, да ги провоцира противниците" - вели Зума.
 
„Тоа се случи на натпреварот, но тој е навистина добро момче. Горди сме што го имаме и среќни сме што го добивме натпреварот".