24фудбал

Хорор повреда на Лук Шо, крај на сезоната за бекот! (ВИДЕО)

На вечерашниот дуел против ПСВ, бекот на Манчестер јунајтед, Лук Шо заработи скршеница на ногата по која најверојатно за него сезоната е завршена.

Лига на Шампиони
По еден невнимателен старт на Ектор Морено, Лук Шо заработи тешка повреда. Најверојатно фудбалерот има скршеница на десната нога и за него сезоната е завршена.
 
Лекарскиот тим на Манчестер јунајтед имаше интервенција на теренот од речиси 10 минути по што Шо беше изнесен на носилки а на негово место влезе Маркос Рохо.