24фудбал

Проблеми за Сити, Агуеро нема да настапи против Јувентус

Поради повреда Серхио Агуеро нема да игра на утрешниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Јувентус.

Лига на Шампиони
Утре стартуваат натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите, Манчестер Сити го пречекува Јувентус во првото коло.
 
Агуеро се повреди на дуелот против Кристал Палас и нема да игра против Јуве, но во тимот се враќаат Давид Силва и Рахим Стерлинг.
 
„Пелегрини нема да биде подготвен за утре, има повреда на коленото. Силва и Стерлинг се подготвени" - потврди Пелегрини на денешната прес конференција.
 
„Го имаме Бони, а и Стерлинг може да игра како напаѓач, па имаме различни опции. Имам доверба во сите".