24фудбал

Баерн одбил рекордни 120€ милиони од Јунајтед за Милер

Според пишувањата на Kicker, ’Црвените Ѓаволи’ минатиот месец понудиле фантастични 120 милиони евра за услугите на Томас Милер, но ’Баварците’ одбиле да го продадат играчот

Германија

Не е тајна дека Луј ван Гал е голем фан на играта на репрезентативецот на ’Панцирите’, Манчестер јунајтед во неколку наврати се обиде да го ангажира Томас Милер, но од таборот на Баерн Минхен одолеаа на притисокот.

Денешното на издание на Kicker пренесува дека минатиот месец на адреса на ’Баварците’ пристигнала понуда вредна фантастични 120 милиони евра (88 милиони фунти).

Но ниту оваа рекордна сума не била доволна за лидерите на клубот од Алијанц Арена да дадат зелено светло за трансфер на Томас Милер на Олд Трафорд.

Првиот човек на Баерн, Карл Хајнц Румениге во август изјави дека некои играчи немаат цена, па ’Баварците’ очигледно си останале достојни на зборот.