24фудбал

Гуарин го реши миланското дерби, Интер е на врвот (ВИДЕО)

Со гол на Гуарин, Интер со 1-0 го доби градското дерби против Милан и се искачи на првото место во Серија А со максимален учинок по трите кола.

Италија
Интер и Милан одиграа израмнет натпревар, росоњерите имаа и повеќе чисти шанси, но еден потег на Гуарин во второто полувреме го реши победникот.
 
Клучниот момент се случи во 58. минута кога Гуарин биеше прецизно од далечина и ја затресе мрежата на Диего Лопез.
 
Марио Балотели во 62. минута влезе во игра и остави одличен впечаток, со удар од далечина ја погоди и стативата од голот на Хандановиќ. 
 
По три одиграни кола Интер со максимални девет бода е на првото место, Милан има шест помалку.


Inter vs AC Milan 1-0 All Goals & Full Match... by livegoalshd