24фудбал

Реал Мадрид го впери прстот кон Јунајтед за пропаѓањето на трансферот на Де Геа

Реал Мадрид преку официјално соопштение го објасни вчерашниот бурен ден кој на крајот заврши неуспешно откако беше пробиен рокот за регистрација на трансферот на Де Геа.

Шпанија
Давид де Геа беше пред портите на Реал Мадрид но не влезе низ нив, голманот се враќа во Манчестер јунајтед откако трансферот не се реализираше во предвидениот рок.
 
Низ медиумите се појавуваа многу шпекулации за тоа што се случуваше синоќа, а сега и Реал Мадрид преку соопштение објаснува како пропадна трансферот на Де Геа.
 
1. Манчестер јунајтед не сакаше да започне никакви преговори за Давид де Геа се до вчера изутрина.
 
2. И покрај сите потешкотии за реализирање на ваков трансфер во последниот ден за регистрација, Реал Мадрид прифати да ги почне преговорите.
 
3. Кога Манчестер јунајтед влезе во преговорите вчера изутрина побара да биде постигнат договор и за членот на Реал Мадрид Кејлор Навас и информираа дека веќе имале контакт со претставници на фудбалерот.
 
4. Реал Мадрид и Манчестер јунајтед постигнаа договор за двата фудбалери. По изготвувањето на соодветната документација која беше потребна за навреме да се регистрира трансферот во системот на ФИФА и системот на Шпанската лига, Реал Мадрид во 13:39 по шпанско време ги испрати документите на потпис кај Манчестер јунајтед
 
5. Осум часа подоцна, во 21:43 Манчестер јунајтед ги врати договорите со мали модификации. Со цел трансферот да биде реализиран навреме, Реал Мадрид ги прифати сите промени.
 
6. По потписите на Де Геа и Кејлор Навас, Реал Мадрид му ги испрати сите договори потпишани на англискиот клуб во 23:32. Потоа ги чекавме конечните документи потпишани од Манчестер јунајтед
 
7. Манчестер јунајтед постигна конечен договор со претставниците на Кејлор Навас во 23:53.
 
8. Манчестер јунајтед ја започна процедурата за регистрација на трансферот во системот на ФИФА во 00:00, Реал Мадрид целосната документација ја доби во 00:02 кога рокот за регистрација веќе беше изминат.
 
9. Во 00:26, компјутерскиот систем на ФИФА го повика Реал Мадрид да ги пополни податоците за Давид де Геа, со оглед на тоа што преодниот рок во Англија останува отворен до денес. Реал Мадрид се обиде да ги поднесе документите до Шпанската лига знаејќи дека рокот е веќе поминат.
 
10. На кратко, Реал Мадрид направи се што е неопходно за да се реализираат овие два трансфери