24фудбал

Пропадна трансферот на Де Геа во Реал Мадрид, на потег се ФИФА и УЕФА

И кога се очекуваше да биде комплетиран трансферот на Де Геа од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид се случи шок, документите не беа реализирани до полноќ, голманот се враќа во Англија.

Англија
Де Геа денеска требаше да биде презентиран како нов голман на Реал Мадрид, презентацијата беше закажана во 13:00, а тој веќе имал купено и ново одело специјално по тој повод.
 
Но на големо изненадување трансферот пропадна, шокантни беа вестите дека документите пристигнале некоја минута по полноќ и го пробиле предвидениот рок.
 
Од Јунајтед тврдат дека документите ги испратиле на време, додека од Реал Мадрид велат дека ги добиле по полноќ.
 
Се појави и верзија и дека докмументите од Англија пристигнале пред 24 часот, но од канцеларијата на Реал Мадрид не можеле да го отворат фајлот поради форматот во кој биле зачувани.
 
Реал Мадрид надеж за трансферот сега гледа во ФИФА и УЕФА кои само можат да помогнат за да се промени нешто.
 
Спротивно на случајот со Де Геа, Келор Навас може да го реализира трансферот во Манчестер јунајтед бидејќи преодниот рок во Англија трае до денеска до 18 часот, тој веќе ги мина лекарските прегледи.
 
Од ова недоразбирање се чини дека повеќе губи Манчестер јунајтед кој нема да земе ниту едно евро од заминувањето на Де Геа на кој му тече последната сезона од договорот. А ситуацијата е лоша и за самиот голман кој нема да брани во пресрет на Европското првенство и тоа може да го чини место во репрезентацијата.