24фудбал

Крсте Велкоски на местото на повредениот Костовски

Селекторот на македонската репрезентација, Љубинко Друловиќ дополнително го повика Крсте Велкоски, тој доаѓа на местото од Јован Костовски кој отпадна од списокот поради повреда.

Македонија
Поради дисторзија на рамото Јован Костовски нема да може да одговори на повикот на селекторот, па на негово место е повикан Крсте Велкоски од ФК Сараево.
 
„За жал стигна конечна потврда дека Јован Костовски нема да може да настапи на претстојните квалификациски натпревари со Луксембург и Шпанија поради сериозноста на повредата на рамото. На негово место е повикан Крсте Велковски од ФК Сараево кој во моментов се наоѓа во одлична форма и сметаме дека ќе одговори на висина на задачата" - изјави техничкиот менаџер на репрезентацијата, Саша Ќириќ.
 
Дополнителен повик доби и голманот на Работнички, Даниел Божиновски кој ќе биде трета опција во составот.
 
„За трет голман беше избран Даниел Божиновски, пред сѐ поради извонредните настапи за ФК Работнички во натпреварите од УЕФА Европа Лигата. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им честитам на сите играчи и стручниот штаб на ФК Работнички за досегашните успеси во ова натпреварување, со што го претставија Македонскиот Фудбал во најдобро светло. Би сакал и да им посакам среќа за претстојниот натпревар против Рубин Казан".