24фудбал

Во стартниот тим на Челзи имаше повеќе Шпанци отколку во Реал Мадрид

Во почетниот состав на Челзи, Жозе Мурињо имаше повеќе шпански играчи отколку во тимот кој Рафа Бенитез го извади за дуелот со Спортинг Хихон.

Англија
Интересна забелешка на шпанските медиуми кои ќе го зголемат притисокот врз Рафа Бенитез доколку Шпанецот не врзе серија на победи уште од идното коло во Примера.
 
Рафа Бенитез во стартниот состав за натпреварот против Хихон имаше тројца Шпанци: Рамос, Иско и Хесе.
 
Во тимот на актуелниот англиски шампион на дуелот против ВБА имаше повеќе членови на шпанската репрезентација откако во Реал Мадрид, во составот на Мурињо беа: Азпиликуета, Фабрегас, Педро и Диего Коста.